Папата Франциско ја одржа полноќната божиќна миса во базиликата Свети Петар во Рим пред верниците од целиот свет.
– Во културата на индиферентност која често станува немилосрдна, нашиот стил на живот треба да биде исполнет со милосрдие, сочувство, емпатија која секојдневно ја обновуваме и полниме на изворот на молитвите, изјави папата.
Тој посочи дека во светот „опиен“ од потрошувачката, луксузот и нарцисоидноста доаѓањето ан Христос на Божик потсетува на скромност и сфаќање на значењето на тоа што е суштинско.
Христијанските верници претходно во Витлеем ја одбележаа Бадниковата вечер во родното место на Христос.