Најмалку сто лица загинаа во експлозија во фабрика за гас на југот на Нигерија.
Несреќата се случила во градот Неви, а загинале главно клиенти на фирмата кои ги полнеле балоните со гас.
Експлозијата и пожарот што уследил биле толку силни што во нив настрадале и некои жители на најблиските куќи и минувачи.
Неколку тешко повредени луѓе се превезни во градската болница.