Традиционални новогодишни донации на ЕВН Македонија

Од:

Со донирање пакети со прехранбени производи во верските заедници наменети за социјално загрозените семејства, ЕВН Македонија почна со реализација на традиционалните новогодишни донации.

Од компанијата посочуваат дека донирале прехранбени производи за топли оброци и пакетчиња со храна во народната кујна „Св. апостоили Петар и Павле“ на МПЦ ОА во населбата Ѓорче Петров  кои, како што велат, свештениците ќе ги споделат со верниците што се во тешка здравствена состојба или живееат во далечните рурални средини во црковните општини.

– ЕВН Македонија со празничните донации го заокружува циклусот на донирање и соработка со верските заедници во текот на целата година. Деновите кои ни престојат се денови на празнувања и токму овие денови сите зедно се собираме на празничните трпези, па овие донации се добредојдени за социјално ранливите семејства да можат барем малку да го почуствуваат духот на празниците, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Пакети со храна ЕВН донираше и за верниците на ИВЗ. Во седиштето на ИВЗ во Скопје беа поделени дел од донациите, пакети со храна ќе бидат поделени и во другите верски објекти на ИВЗ низ Македонија.

Мустафа Даути од Хуманитарната организација „Хилал“ при ИВЗ и Отец Ивица Тодоров парохиски свештеник за ЦО „Св. апостоли Петар и Павле“, изразија благодарност за соработката и донациите кои ЕВН ги реализира традиционално веќе 9 години. 

Според најавите од компанијата, новогодишните донации ќе се заокружат со донација на топла облека на деца од социајлно загрозени категории ширум Македонија. Во соработка со Црвениот крст, ЕВН Македонија ќе организира централен настан за доделување на новогодишните подароци во Скопје каде децата ќе можат да проследат 3Д анимиран филм и да се дружат со Дедо Марз.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните