(ВИДЕО) Делчев: Министерството за финансии два месеца нема платено здравствено за полицијата

Од:

Министерството за финансии нема платено здравствено осигурување за полицајците, па тие се приморани сами да го плаќаат истото, обвинува Гоце Делчев, претседател на Независниот Синдикат на Полицијата.

Тој вели дека уплатата на здравствено кај поединци последно била извршена во октомври, а кај поединци во ноември месец, што значи дека некои од полицајците останале без осигурување дури два месеца.

– Овие парични средства според нашата проценка се од 800 илјади до еден милион евра во изминатите два месеци за кои се сомневаме дека ќе бидат применети за престојните парламентарни избори за одредени политички цели, вели Делчев.

Тој вели дека иако 10 години мирно и без протести молат, власта не реагира на нивните барања.

– Ги замолувам надлежните заедно со премиерот на оваа држава да поведат сметка да не прават дискриминација на граѓаните и конечно да отпочнат со процес на решавање на прашањата за кои 10 години бараме и им се обраќаме, а истите што требаше да реагираат и да постапуваат според законите не постапуваат бидејќи најверојатно фотелјите им се топли, добри, удобни, вели Делчев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

МФ: Откриени измамнички трговски практики кај финансиски друштва

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена