Промоција на изданието „Гоце Аџи-Митревски / Цртежи“

Од:

Во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовирано изданието „Гоце Аџи-Митревски / Цртежи“ и ќе биде отворена истоимена изложба.

Гоце Аџи-Митревски (1946-2014) беше долгогодишен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Архитектонски факултет завршил во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Белград.

Во својата богата професионална кариера автор е на голем број архитектонски и истражувачки проекти. Како педагог учествувал во работата на летни школи, архитектонски работилници, архитектонски манифестации…

Слободорачниот архитектонски цртеж е негов најзначаен изразен медиум. Способноста да го согледа потенцијалот на една идеја со едноставна скица претставува негова исклучителна вештина.

Добитник е на значајното француско национално одликување за заслуги во образованието – Орден на Академската палма во ранг Витез.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“