Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Анталија откако денеска беше поразен од третиот носител Дује Кекез од Хрватска со 2:0 во сетови.
Двата сета Кекез ги доби со 6:3 во гемови. Во првиот сет резултатот беше изедначен до 3:3 во гемови, додека во вториот сет Кекез брејкот предност го напарви за водство од 5:2 во гемови. Србљак успешно ги мина квалификациите на овој турнир, но не успеа да освои бод.
Нашиот тенисер годината ќе ја заврши со еден освоен поен, а на фјучрс турнирите почна да настапува од средина на годината.