МФ демантира дека не се дадени согласности за вработување во градинката „Кочо Рацин“

Од:

Министерството за финансии ги демантира тврдењата на општина Центар дека не се дадени согласности за вработување на персонал за градинката „КочоРацин”.

– Барањето за согласност од Општина Центар преку Министерството за труд и социјала до Министерството за финансии е доставено на 10 декември. Министерството за финансии во законскиот рок од 30 дена одговори позитивно на барањето, односно издаде согласност за вработување на 11 лица – воспитувач, негувателки, хигеничари, готвач и помошник готвач, наведуваат од Министерството за финансии.

Во демантот додаваат дека не ја гледаат причината за реакција на Општината во медиумите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Герасимовски: За 50 отсто го зголемуваме надоместокот за новороденче

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени