СДСМ: Очекуваме Јавното обвинителство да утврди кој и со каква цел фалсификувал лични карти

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очекува од Јавното обвинителство да спроведе професионална, законска истрага и да утврди кој и со каква цел фалсификувал лични карти.

Бидејќи Обвинителството тврди дека се пронајдени и снимени телефонски разговори кај осомничени лица, истрагата треба да покаже на каков начин материјалите се нашле кај овие лица.

Обвинителството треба да објасни како тоа владините медиуми имаат информации и детали од истрагата со коишто шпекулираат и создаваат забуна во јавноста, пред официјално да соопшти нешто Јавното обвинителство?

Се потврдува дека Јавното обвинителство реагира само кога се во прашање интересите на Никола Груевски.

Кога се објавуваа разговорите во рамки на проектот Вистината за Македонија, коишто покажаа сериозен криминал, корупција и злоупотреба на институциите од страна на Никола Груевски и неговите соработници, Основното јавно обивинителство со месеци молчеше и не превзеде ништо.

Дури ниту по кривичните пријави што ги поднесе СДСМ, врз основа на доказите од објавените разговори, со месеци не се постапуваше.

Проектот Вистината за Македонија покажа кои се вистинските криминалци во Македонија.

Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел