Твитерот на чешкиот премиер нападнат од неонацисти

Од:

Твитер профилот на чешкиот премиер Бохуслав Соботка ноќеска беше нападнат од хакери, кои повикаа на борба против бегалците, информираа од чешката Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, под името на Соботка, кој беше потпишан како „предавник на татковината“ беа објавени неколку ксенофобични изјави.

Во еден од постовите, хакерите напишаа дека демократските елити ја пустошат Европа и постои потреба да се земе оружје во рака.

Соботка, нападот го смета како доказ дека ја извршува својата работа добро.

– Ако мојот твитер профил е нападнат од страна на неонацистите, тоа е доказ дека добро си ја вршам работата. Им посакувам среќен Божик на сите луѓе со добра волја кои одбиваат ширење на омраза и преферираат хуманост и ја поддржуваат демократијата, напиша Соботка на социјалната мрежа Фејсбук.

Соботка во последно време често предупредува пред настапите на национализмот и ксенофобија во врска со кризата со мигрантите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница