Србљак избори учество на главниот турнир на фјучрсот во Анталија

Од:

Младиот македонски тенисер Горазд Србљак избори учество на главниот турнир на фјучрсот во Анталија. Тој успешно ги мина квалификациски кола.

Во второто коло од квалификациите беше подобар од Богдан Диденко од Украина со 6:3 и 6:2 во сетови, а во последното елиминациско коло го совлада Јакоб Јохансон-Холм од Шведска со 2:1 во сетови (2:6; 6:3 и 6:4).

Србљак, кој има 18 години, немаше многу среќа со ривалот во 1.коло на главниот турнир, бидејќи за противник го доби третиот носител Дује Кекез од Хрватска, кој се наоѓа на 525.место на АТП листата.

Мечот меѓу Србљак и Кекез се игра утре. Во квалификациите настапи и 15.годишниот македонски тенисер Филип Петровски, кој загуби во првото коло од квалификациите од Диденко.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров