Германија ја одобри изградбата на „Северен поток 2“

Од:

Германскиот Федерален регулатор за конкуренција даде дозвола за формирање на конзорциумот што треба да го гради гасоводот „Северен поток 2“, јави дописникот на МИА од Берлин.

Со одобрението од Федералното биро за картели, повеќе нема никаква правна пречка за формирање на компанијата што треба да го зголеми дотокот на руски гас во Германија и Европа. 

Конзорциумот е составен од германските компании БАСФ и „Е-Он“, француската „Енжи“, австриската ОМВ и британско-холандската „Шел“. Овие мултинационални компании во септември со руската државна фирма „Газпром“ потпишаа договор за проширување на постојниот гасовод „Северен поток“, што на Европа треба да и донесе нови 55 милијарди кубни земјен гас.

Гасоводот, кој ќе поаѓа од руска територија и преку Балтичкото Море ќе го носи гасот до Германија, стана контроверзен откако беше договорен за време на западните санции кон Русија и паралелно со загриженоста на САД и Европа поради изградба на гасоводот „Турски поток“, што преку Црното море, Турција, Грција, Македонија и Србија требаше да носи гас кон Унгарија и понатаму во ЕУ.

Минатата недела шефот на Европскиот совет, Доналд Туск ги обвини земјите, чии компании се вклучени во проектот „Северен поток 2“, дека работат против eвропските правила, кои бараат обезбедување на различни извори на енергенси, а не поголема зависност од рускиот гас.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија