Грција го отповика амбасадорот од Прага поради изјава на Земан

Од:

Грција го повика својот амбасадор во Чешка „на консултации во Атина“, поради изјавата на чешкиот претседател Милош Земан, соопшти грчката Амбасада во Прага.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, ваквата постапката на Атина во дипломатијата се смета за исклучителна форма на протест.

Причина за ваквата одлука на грчкото Министерство за надворешни работи е неодмнешнат изјава на Земан, кој критикувајќи ја Атина за „бавноста во заштитата на Шенгенските граници и приемот на бегалците“, рече дека Чешка може да и се приклучи на еврозоната, дури откако ќе се реши учеството на Грција во монетраната унија. 

– Мојата единствена грижа од воведувањето на еврото во сегашната состојба на стабилизацискиот механизам е таа дека чешкиот даночен обврзник ќе ги плаќа грчките долгови, рече тогаш Земан, додавајќи дека се разочарал затоа што Грција остана во еврозоната.

Канцеларијата на Земан не го коментираше отповикувањето на грчкиот Амбасадор, потенцирајќи дека шефот на државата останува на своите изјави кои ги дал претходниот периот.

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек рече дека ќе побара објаснување за ваквиот потег од неговиот грчки колега.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница