ВИДЕО: Милошоски ни збор за третата политичка криза за која говореше Иванов

Од:

По обраќањето на претседателот, Ѓорге Иванов, пред парламентот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ги поддржа неговите ставови за безбедносната и бегалската криза со која државата се справуваше изминатата година, но не кажа ни збор за политичката криза на која претседателот во неколку наврати се осврна.

Милошоски ја поздрави наредбата на врховниот командат да ја вклучи армијата во заштита на јужната граница и нејзино обезбедување. Тој го поздрави и одбивањето на Иванов во Македонија да бидат отворени бегалски кампови.

-Претседателот Иванов има ставови кои ги застапува во континуитет без разлика на дневно политичките превирања. Таквото држење до своите ставови, а неповедување по дневно политички случувања, е добра одлика на претседателот. И покрај повеќето обиди и притисоци од страна на одредени меѓународни фактори, претседателот сепак го одби барањето Република Македонијада биде бегласки камп за 20-30.000 бегалци кои нашата земја не ја гледаат како целна држава. Тој се држеше до принципот дека Македонија е само транзит држава – изјави Милошоски.

Отсуството на СДСМ и ДУИ од седницата, според Милошоски, е отсуство на капацитет за политички дијалог и отсуство на минимум политичка култура пред државните институции.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики