Вилијамс и Ѓоковиќ најдобри тенисери за 2015 година

Од:

Американката Серена Вилијамс и Србинот Новак Ѓоковиќ се избрани за најдобри тенисери во 2015 година во изборот на Светската тениска федерација (ИТФ).

За Вилијамс ова е шесто вакво признание, додека Ѓоковиќ по петти пат е прогласен за прв тенисер на светот.

Најдобрата женска двојка ја сочинуваат Мартина Хингис (Швајцарија) и Санија Мирза (Индија).

Најдобар машки „дабл“ е Жан-Жулиен Рожер (Холандија) и Хориа Текау (Романија).

Во јуниорска конкуренција во игра на двојки најдобри за годинава се Тејлор Фриц (САД) и Далма Галфи (Унгарија).

ИТФ наградите на најдобрите ќе им ги додели на свечена вечера во Париз на 31 мај во текот на Грен слемот Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров