Водачот на воениот удар во мај минатата година, генералот Прајут Кан-ока, денеска ја објави својата втора песна што ја напишал додека управува со државата.
Генералот Прајут, коj сега формално е премиер, објавувајќи ја лирската песна изјави дека тоа е неговиот подарок за жителите на Тајланд по повод Новата година.
Втората песна на генералот Прајут е насловена како „Поради тоа што ти си Тајланд’’ има стихови како „ Ако ги здружиме рацете… денот на кој се надеваме не е толку далечен’’ и „Бидејки вие сте Тајланд, вие никому нема да дозволите да ве уништи’’.
Генералот Прајут Кан-ока тврди дека по воспоставување на демократијата во Тајланд нема да се занимава со политика. Според најавите, тој очекува да ја предаде власта на цивилите на есен идната година, кога во државата треба да се оддржат парламентарни избори.