(ВИДЕО) Сугарески: Да имаше доблест Иванов ќе си поднесеше оставка

Од:

Пратеничката група на СДСМ нема да присуствува на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, затоа што изборите на кој го добил вториот мандат се нелегитимни, криминални и груб фалсификат, изјави координаторот на СДСМ во парламентот, Горан Сугарески.

Дека Иванов бил избран на нелегитимни избори, рече тој, се потврди во објавените „бомби“ и во проектот на опозицијата „Вистината за Македонија.“

– Доцна е за него. Да имаше Иванов доблест – рече Сугаревски – ќе си поднесеше оставка уште дента кога се потпиша договорот од Пржино.

– Учинокот на Иванов е најголемата девастација и понижување на функцијата претседател. За сите клучни прашања молчеше и ја прифати улогата приврзок на Груевски. Иванов е како „слика има, тон нема“. Молчеше за прислушувањето, молчеше за огромниот криминал и корупција откриен во проектот „Вистината за Македонија“. Иванов е само нем сведок додека Македонија се наоѓа во најголемата политичка криза во нејзината историја – рече тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?