СДСМ: Поднесена е тужба поради незаконската одлука на стартиот состав на ДИК

Од:

„Искористувајќи ги законските можности, денес е поднесена тужба до Управниот суд на РМ, поради незаконска одлука на стариот состав на Државната изборна комисија.

Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност, односно одобрување од страна на Дополнителниот заменик министер.

Тужбатата е поднесена поради ненадлежност на стариот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 08.11.2015 година.

Исто така тужбата е поднесена и поради тоа што самата одлука е целосно незаконски формулирана. Имено согласно Законот за јавен долг, член 18, задолжувањата со државни хартии од вредност се вршат како на домашен, така и на меѓународен пазар на капитал. Согласно истиот закон, задолжувањето се врши со емисија на краткорочни и долгорочни хартии од вредност.

Во самата одлука нема образложение во кое согласно закон, ДИК требал да ги наведе причините поради кои ја има донесено одлуката.

Не навлегувајќи во политичките причини за носењето на оваа одлука од страна на ДИК, тужбата е поднесесена поради ненадлежност на стариот состав на ДИК, како и поради тоа што истата е целосно правно нејасна.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните и ќе ги искористи сите механизми за да спречи изборна корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.

Сите учесници на домашниот пазар на капитал треба во предвид да ги имаат сите последици при носењето на одлуките при учество во аукциите на државни хартии од вредност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство