Врховниот суд на Панама издаде налог за апсење на поранешниот претседател Рикардо Мартинели

Од:

Врховниот суд на Панама вчера издаде наредба за апсење на поранешниот претседател на земјата Рикардо Мартинели, осомничен за користење на државни средства заради нелегално шпионирање на над 150 лица, пренесува БТА.

Мултимилионерот, кој ја напуштил Панама во јануари и живее во Мајами, исто така е предмет на шест истраги за корупција.

Мартинели беше претседател на Панама од јули 2009 до јули 2014 година. Тој беше заменет на функцијата од Хуан Карлос Варела, кој уште во 2011 година, кога беше министер за надворешни работи и потпретседател го обвини за корупција и обиди за манипулација на законодавната и судската власт.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска