Каматите на најaтрактивните, потрошувачки кредити ќе се намалуваат, но достапноста ќе се отежни. Во последните две години значајно се зголемил растот на долгорочните потрошувачки кредити, но и се влошила наплатата, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Анализата на Народната банка покажала дека расте задолженоста на веќе задолжените граѓани.
Банкарите подготвени ги дочекаа мерките на НБМ за „заострување“ на кредитната политика, велат кредити ќе има, но прашање е под какви услови.
Заострени услови за потошувачките кредити – како ќе се одборуваат
Од 1-ви јануари потешко ќе се добива долгорочен потрошувачки кредити, а слично заострување на условите се очекува и за граѓаните кои ќе сакаат да се задолжат преку популарните кредитни картички или минуси на тековните сметки. Народната банка ги обелодени мерките со кои практично на некој начин ќе се влијае врз заострување на кредитните услови кај овој вид на понуда. Банките што по Нова година ќе одобруваат нови долгорочни потрошувачки кредити ќе мора да обезбедат поголем капитал со рок еднаков или подолг од осум години, како еден вид гаранција. Овој потег на гувернетот Богов следува откако НБМ направила анализа дека се зголемува ризикот, односно расте проблематичното салдо кај потрошувачките кредити.
„Во последните две години, се забележува доста брз раст на потрошувачките кредити, пред сѐ потрошувачките кредити со рочност над десет години, чијашто годишна стапка на раст во септември 2015 година достигна дури 47,5%. Во практиката, речиси секогаш, по брзиот раст на кредитирањето, вообичаено проследен и со олеснување на условите за кредитирање, следи период на отежната наплата на побарувањата. Растот на нефункционалните потрошувачки кредити е умерен, но забрзува во последните месеци. Сепак, под влијание на забрзаниот кредитен раст, учеството на нефункционалните потрошувачки кредити во вкупните потрошувачки кредити е на релативно ниско ниво 5,2%“, велат за Порталб, од НБМ.
Банкарите ја дочекаа новата мерка подготвени. Дел од нив оценија дека сигналите од Народната банка за заострување на кредитната политика нема да ги поскапат кредитите, но нема да отстапат од зголемената внимателност при нивно одборување.
„Нема да ги коментирам мерките на регулаторот, но сметам дека тие сепак ќе се одразат на некој начин, пред се ќе се зголеми внимателноста при одборување на овој вид на кредити, што може да резултира со позаострени услови за добивање кредит. Од друга страна не очекувам зголемување на каматите, односно поскапување на кредитите“, коменитираат дел од банкарите што ги праша “Порталб“.
Неодамна Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на Здружението на банкари изјави дека дури е можно и намалување на каматните стапки како резултат на зголемената конкуренција во банакрскиот сектор.
„Кај стапките на депозитите можни се пореметувања. Од друга страна кај активните стапки можно е пак да се очекува намалување на каматата поради конкуренцијата, односно во услови на забавена економска активност и ограничен пазар, банките ќе сакаат да привлечат нови клиенти“, изјави за Порталб Јанчевски.
Гувернерот Богов не очекува дека мерките ќе ги поскапат кредитите, но упатува на зголемена внимателност бидејќи анализте на НБМ покажале дека расте задолженоста на веќе задолжените граѓани.
„Мерките се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, односно за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни растечки ризици од овие кредити, и тоа не само за квалитетот на кредитното портфолио на банките, туку и за нивото на задолженост на населението, бидејќи расте задолженоста на постојните, а не на нови кредитокорисници на банките. Со мерката се зголемува капиталното барање за банките за долгорочните потрошувачки кредити со рок еднаков или подолг од осум години“, соопштуваат од НБМ.
Заклучно со октомври, податоците покажуваат натамошен пораст на нефункционалните кредити, кои на крајот од лани изнесувале 11,2%. Во анализираниот период намалување има кај проблематичните кредити за население, кои се на ниво од 5,5% а зголемување кај компаниите со проблемтично салдо од 16,5%.
Банкарите велат дека оваа мерка нема да предизвика потрес во кредитирањето, но сепак дека ќе има влијание со оглед на тоа што е насочена не само кон новоодобрените кредити, туку и за оние кои ќе сакаат да го рефинасираат, односно веќе земен кредит да го обноват според нови услови. Во исто време во банкарски кругови се коментира дека со можното забавување на кредитирањето кај населението, нема да се предизвика позасилено кредитирање на фирмите.
„Не очекуваме дека со оваа мерка, која практично на некој начин ќе значи заострување на кредитната активност за населението, ќе се стимулира кредитирањето на фирмите. Имено, ние како банки и сега располагаме со вишок на ликвидност и тие средства ги вложуваме во хартии од вредност, што значи дека пари за финансирање на компаниите има, но банките и натаму ќе бидат со зголемена внимателност при одборување на кредитите“, коментираат за Порталб банкарите.
Според најновите октомвриски податоци, на ниво на банкарскиот сектор е регистриран кредитен раст за 5,4 % во однос на состојбата со крајот на 2014 година. Имено, кредитниот пораст кај населението изнесува 11,1 % а кај фирмите 1,2%, односно кредитната изложеност кон граѓаните е 1,9 милијарди евра а кон фирмите 2,4 милијарди евра.
Анализа на Порталб