Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната промена на ВТА ранг листата забележа пад од шест места и сега се наоѓа на 341-та позиција. Таа во однос на претходното рангирање има еден поен повеќе освоен на фјучрсот во Анкара, но со 113 поени вкупно не успеа да направи скок.
Во конкуренција на двојки, Ѓорческа има 225 поени и сега се наоѓа на 270 место што е за една позиција послабо од претходниот ранг. Магдалена Стоилковска во конкуренција на двојки се наоѓа на 1.257 место.
Нашата тенисерка Ѓорческа оваа недела требаше да настапи на фјучрсот во Анталија, но го откажа настапот.