Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини по денешната одлука на Етичкиот комитет на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да го суспендира на осум години од спортскиот и административниот дел од фудбалот, истакна дека тое е „обид за остварување на желбата да го елиминираат од фудбалот“.
– На теренот (како фудбалер) и потоа како функционер моето однесување било беспрекорно и мојата совеста е чиста. Уверен сум дека одлуката беше позната и пред сослошувањето на 18.декември, рече првиот човек на УЕФА.
Платини и претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер, добија суспензија, но и двајцата најавија жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Платини и Блатер се суспендирани поради исплата на два милиони швајцарски франци за советодавни услуги на основ на усмен договор.