СВР Струмица почна проект за превенција од употреба на петарди

Од:

СВР Струмица од денеска ја почна повеќедневната кампања за превенција од употреба на петарди и други пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници.

Реализацијата на проектот почна од СОУ „Јане Сандански“, а ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта во овој регион.

– Целта ни е со учениците како најранлива категорија и лица кои се најзаинтересирани да употребуваат петарди, да ги објасниме последиците од нивната употреба. Губење на прст или цела шака спаѓа меѓу потешките инвалидитети со кои може да се здобијат лицата кои употребуваат со пиротехнички средства. Неретко, продавачите немаат декларација за составот, па во нив може да има високоексплозивни средства кои може да доведат и до хируршки интервенции, изјави Тони Танушев, виш инспектор по превенција и јавен ред и мир при СВР Струмица.

Според Танушев, последниве години се намалува бројот на корисници на петарди за време на празниците.

– Се намалува бројот на млади лица кои посегнуваат кон употреба на петарди и други пиротехнички средства. Сметаме дека расте свеста од опасноста од нивна употреба. Ваквите кампањи помагаат во тоа, но верувам дека и дома заедно со родителите зборуваат за штетноста од петардите и другите експлозивни средства, истакна Танушев.

Освен здравствени, употребата на пиротехнички и експлозивни средства, како што посочи Танушев, претставува и нарушување на јавниот ред и мир.

Според Законот за прекршоци против јавен ред и мир, за прекршителите следува глоба од 200-500 евра. Истиот износ е предвиден и со Законот за заштита од експлозивни материи. Со Кривичниот законик на лицата кои нелегално набавуваат и продаваат петарди и други пиротехнички и експлозивни средства освен парична казна им се заканува и затворска во времетраење од 1 до 10 години.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија