Плаќање преку мобилен до крајот на годината

Од:

Македонските граѓани до крајот на оваа година ќе можат одредени услуги да ги плаќаат преку мобилен телефон, интернет или кабелски провајдер.

Ова е предвидено во измените на Законот за платен промет што денеска ги објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој оцени дека тоа ќе придонесе за зголемена конкуренција во платниот промет и за намалување на провизиите.

Според измените, ваквите плаќања ќе бидат ограничени за поединечен износ до 1.000 денари, а вкупно во текот на месецот 6.000 денари. Ставревски додаде дека подготовките за буџетот за следната година биле во завршна фаза и оти очекува тој да се движи во рамки на буџетот за годинава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер