Нова победа на МЗТ Скопје во дуелот со Металац

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром по втор пат беше подобар од екипата на Металац во дуел од регионалната кошаркарска АБА лига.

На средбата одиграна попладнево во Ваљево, а во рамките од 15.коло на АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром славеше триумф над Металац со 77:68.

До шестата победа сезонава, МЗТ го предводеа, Марко Луковиќ и Ѓорѓе Дреновац кои постигнаа по 15, а Дамјан Стојановски придодаде 14.

Покрај овој натпревар денеска се играат и средбите: Партизан – Мега Лекс, Тајфун – Цибона и Задар – Крка. За утре закажани се натпреварите, Унион Олимпија – Игокеа и Цедевита – Сутјеска, а дербито на колото е во понеделник кога во Подгорица ќе играат прво и второ пласираните Будуќност и Црвена Звезда.

Табела: Будуќност 12-2 (победи-порази), Црвена Звезда 11-3, Цедевита 11-3, Мега Лекс 9-5, Тајфун 7-7, Задар 7-7, МЗТ Скопје Аеродром 6-9, Партизан 6-8, Крка 6-8, Игокеа 5-9, Унион Олимпија 5-9, Цибона 5-9, Металац 5-10 и Сутјеска 4-10.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос