Куманово гостува кај Бест

Од:

Во првата македонска кошаркарска лига денеска ќе се одигра првиот натпревар од 11. коло.

Во Гевгелија од 17 часот „фенерџијата’’ Бест го пречекува Куманово. Вицепрвакот Куманово кој по десет одиграни натпревари има половичен учинок по пет победи и порази е фаворит во дуелот со Бест тим кој во својата дебитантска сезона во прволигашката конкуренција сеуште се нема радувано на победа.

Утре (недела) ќе се одиграат два натпревари. Во Скопје, второ пласираниот Карпош Соколи го пречекува гевгелиски Кожув, дпдека во Струмица, кај истоимената домашна екипа, гостува Работнички. Двата натпревари ќе почнат од 18 часот.

Дуелот од ова коло помеѓу МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри е одложен поради настапот на шампоионот во АБА лигата.

Табела: МЗТ Скопје 9-1 (победи-порази), Карпош Соколи 8-2, Фени Индустри 6-4, Куманово 5-5, Кожув 5-5, Работнички 4-6, Струмица 3-6 и Бест 0-10 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос