Кошаркарите на Црвена ѕвезда последни изборија пласман во Топ 16 фазата во Евролигата, откако во последното коло во А групата, го совладаа минхенски Баерн со 85:76.
Во исклучително квалитетен и драматичен натпревар со многу пресврти Црвена ѕвезда одигра брилијантно во последната четвртина и успеа да го елиминира Баерн.
Црвена ѕвезда имаше предност од 13 поени во првиот период, потоа Баерн благодарение на пресинг играта успеа да се врати во мечот, а потоа и да стигне до позитива од 11 кошеви во третата четвртина.
Во последниот период пресудна беше серијата од 9:0 која Црвена ѕвезда ја направи за 70 секунди. Во финишот Квинси Милер постигна трјка со која практично го реши мечот.
Милер со 21 поен и 10 скокови, Цирбес со 19 поени и херојот Гудуриќ, која погоди четири тројки и постигна 16 поени беа најефикасните кај Црвена ѕвезда, додека кај Баерн се истакнаа Савановиќ со 19 поени и Томпсон со 17.
Резултати:
Црвена ѕвезда-Баерн 85:76
Армани Милано-Лимож 69:77
Олимпијакос-Анадолу Ефес 68:81
Локомотив-Барселона 78:74
Зелена Гора-Каршијака 81:83
Уникаха-ЦСКА 76:88.