Србин ги доби Google и Yahoo на суд

Од:

Милорад „Мајкл“ Тркуља, Србин од Австралија успеа да избори историски триумф на суд против интернет гигантите Google и Yahoo кои ќе мораат да му платат оштета од 591.000 долари, поради тоа што при пребарувањето на неговото име тој се појавува како криминалец.

Неговата фотографија се појавува покрај фотографиите на неколку криминалци од Австралија, а постои и линк кон текст каде неговото име се поврзува со австралиското подземје.

Тој прво побарал доказ од австралиското Министерство за правда дека нема ниту едно кривично дело, а потоа барал од двата пребарувачи да ја тргнат неговата фотографија.

Неговото барање во 2009-та не е усвоено, по што тој решил и го започнал процесот против нив

Тој чека пресуди уште против три портали, кои исто така ја пренесоа веста дека е еден до десетте најозлогласени криминалци во Австралија.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа