Дачиќ: Немам врска со прислушкувањето

Од:

Премиерот и министер на полицијата Ивица Дачиќ изјави дека нема врска со прислушкувањето на Вучиќ и Николиќ, додавајќи дека тоа е недопустливо и дека се неопходни промени во полицијата.

Во изјава за српската телевизија Прва, Дачиќ рече дека според неговите информации управата на криминалистичката полиција барала листинзи незнаејќи, како тие велат, дека во прашање е телефонот на Александар Вучиќ.

„Сигурно дека тоа нема никаква врска со мене, како министер за внатрешни работи. Има врска со полицијата бидејќи не постои јасен систем за надзор и контрола на акцијата“, рече Дачиќ, за ТВ Прва.

„Имам информација дека управата на криминалистичката полиција барала листинзи незнаејќи, како тие велат, дека во прашање е телефонот на Александар Вучиќ. Такви работи не смеат да се случуваат и затоа мислам дека се потребни промени. Наскоро ќе биде распишан конкурс за директор на полицијата и сите оние кои во ова учествуваат, а не треба повеќе да бидат на своите функции“, заклучи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје