(ВИДЕО) Николовски: Дисциплински постапки за раководителите кои побегнаа од работните места

Од:

Министерот наместо да си поднесе оставка денеска имаше уште еден неуспешен обид да не спречи да ја кажеме вистината за нивното владеење, за прекршување на законите и злоупотреба на службената должност и позиции. Раководителите на подрачните едници на Минситерството за земјоделство два дена бегаат од работното место, иако имавме закажани средби, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Нема каде да се кријат. Вистината ќе излезе на виделина. Ова се функционерите на Груевски кои му одработуваат на избори. Тие им вршат притисок на земјоделците, ги уценуваат со субвенците, со раскинување на договорите за добиена земја под концесија или дека ќе мора да ги вратат тракторите добиени преку програмата за Рурален развој, популарно наречена 50-50, додаде тој.

Доставени се до нас изјави од земјоделци коишто потврдуваат притисоци, закани и уцени. Истите ќе бидат процесуирани. Во врска со бегањето од работното место за коешто раководителите земаат плата, ќе дадам Предлог за покренување на дисциплинска постапка. Секој кој се огрешил пред законот ќе мора да одговара.

И само уште еден нов доказ за злоупотребата на службената должност на Илија Србиновски. Бидејќи министерот вчера кажа дека тоа е работа на инспекторатот а не негова еве го записникот на инспекторатот којшто е дозтавен во јули до министерот и во којшто се констатира: дека договорот на Србиносвки е спротивен на закон. Истиот е реализиран и е спротивен на закон. Тоа е одговорот и уште еден клучен доказ за овие раководители на подрачни единици во министерството.

Ништо нема да не спречи, целата вистината за се што се случувало во Министерството за земјоделство ќе излезе на виделина. Ќе продолжам да ги бранам интересите на земјоделците и граѓаните, заврши Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски