Воената управа во Тајланд ќе ги дозволи активностите на политичките партии

Од:

Потпретседателот на сегашната, привремена, тајландска влада генерал Правит Вонгсуван денеска изјави дека наскоро ќе биде укината забраната за дејствување на политичките партии во државата.

Забраната е донесена по воениот удар во мај минатата година, со образложение дека активностите на политичките партии се забранети поради тоа што токму партиите беа организатори на често крвавите судири и демонстрации, што резултираа со голем број жртви и ранети.

Генералот Правит, кој е и министер за одбрана во сегашната влада рече дека одлуката за укинување на забраната ќе ја донесе премиерот Прајут Кан-ока. Тој нагласи дека сите партии ќе можат слободно да дејствуваат. Од занимавање со политика, по изборите, се откажа и водачот на воениот удар.

Генералот Правит ги отфрли шпекулациите според кои армискиот врв подготвува формирање на нова партија, додавајќи дека генералите се заморени од политиката во обидите да се врати редот и мирот во државата.

Најавата на ваквата одлука и засиленото темпо за донесување на нов Устав на Тајланд за аналитичарите значи дека се финализираат и подготовките за прогласување на нови општи избори. Лани изборите беа најавувани за оваа есен, а и сега нема прецизни информации кога тие би се одржале, Во секој случај, може да се претпостави дека изборите нема да се одржат пред август идната година.

Голем број политичари, меѓу кои и последната премиерка Шинаватра ќе немаат право да се кандидираат, бидејќи по импичмент добија забрана за петгодишно активно занимавање со политика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач