Иран: Запалено знамето на САД

Од:

Илјадници Иранци се собраа во Техеран на 33-годишнина од преземањето на американската амбасада во градот, палејќи американски и извикувајќи пароли против САД, Израел и Велика Британија.

Иранците се собраа на местото каде што се наоѓаше американската амбасада, „легло на шпиуни“ како што ја нарекуваат иранските власти кои го спонзорираат одбележувањето на годишнината од упадот на исламските студенти во амбасадата на САД, кога како заложници беа држени 52 американски дипломати, 444 денови.

Годишнината од окупацијата на американската амбасада на 4. ноември 1979 година во Иран се одбележува според персискиот календар, а оваа година паѓа на 2. ноември.

Вашингтон и Техеран по заложничката драма немаат повеќе директни дипломатски односи.

 

 

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски