Во специјален бункер во српско возило пронајдени 152.395 евра

Од:

Македонските цариници во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски ознаки во специјално направен бункер пронајдоа 152.395 евра.

Како што информира денеска Царинската управа, на 16 декември во 20 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија е запрено патничко моторно возило Мерцедес E220 со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин од Прешево. При детална царинска контрола на патничко моторно возило во долниот делот зад предната регистарска табличка, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395 евра.

Согласно Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра, износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пријави, додека останатите 142.395 евра се привремено задржани и депонирани во Трезорот на Народна банка на Република Македонија.

Против лицето ќе биде преземени соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Царина поднесе кривична за доктор и медицинска сестра кои криумчареа ботокс

А1он

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“