(ВИДЕО) Шеќеринска: Ако маратонот за ЕУ го трчаме на 110 метри со препреки, нема да стигнеме до целта

Од:

„Шанса или предизвик“, со конференцијата за Извештајот на ЕК и за напредокот на РМ во евроинтеграциите, почнува одбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество.

Димитар Белчев извршен дирекор на Европскиот Совет за надворешни односи во Софија кажа дека Македонија е во изолација, а како последен пример го посочи игнорирањето на земјава од страна на Хилари Клинтон и Кетрин Ештон кои беа на Балканска турнеја, што според него е лош знак.

Тој забележа дека елитите на Балканот немаат интерес за напредок на процесот.

„Забележуваме  дека тие елити знаат како да зборуваат на европски начин, но делуваат на сосема друг начин. Реториката нема врска со реалноста и тоа е голем проблем, како потоа да се види дека има суштинска волја за реформи? Уште поголем проблем е што задоцнувањето на пристапувањето помага на тие појави“, рече Белчев.
Според него Бугарија треба да и помогне на Македонија, иако како легитимно го смета прашањето колку македонската влада пречи на легалните бугарски бизниси во Македонија.

„Доколку сите европски бизниси имаат пристап тука, доколку се докаже дека е тој сучај, Скопје нема да има проблем само со Софија туку со сите останати“, рече тој.

Белчев констаира дека односите се влошени од 2006. година наваму.

„Бранко Црвенковски и Георги Парванов ставија венец на споменикот на Јане Сандански. Дали е сега можно да се направи тоа? Мислам дека не. Сега треба да се враќаме на 2006. година и мислам дека е тоа многу жално“, рече тој.

Антонио Милошоски, претседател на собраниската комисија за надворешна политика појасни дека во соседна Бугарија, Македонија била чувствителна тема, и сме се нашле на различни граници во студената војна.

„По однос на таа ситуација на заеднички чевствувања или нешта кои можат да бидат зближување на македонскиот и бугарскиот народ, мислам дека таквите постапки треба да дојдат од базата кон врвот и нормално да биде политички продуктивно, многу политичари се плашат дека ќе им донесе политичка штета, а многу опозиционери би ја искористиле таа шанса да направат дополнителен политички капитал“, рече Милошоски.

Во однос на тоа дали Македонија ќе добие одлука за преговори, Милошоски рече дека има шанси да се добие условена одлука, во еден пробен период од шест месеци.

„Ова може да се случи, но нема гаранции“, рече тој.

Според Милошоски до декември треба засилено лобирање, со нашите соседи, со ЕК, но треба да се користат и двата меѓународни документи- извештајот на ЕК и посебно пресудата од Меѓународниот суд од Хаг и Времената спогодба.

„Дали Меморандумот треба да се отфрли? Ниту апсолутно да се прифати ниту да се офрли. Добро е што МНР одлучи да го испрати одгворот и на тој Предлог Меморандум ќе се одговори со неколку предлози и сугестии кои можеби случајно биле прескокнати од страна на Грција. Одгворот на тој Предлог Меморандум, сметам дека е правилен потег“, одговори Милошоски.

Радмила Шеќеринска, претседател на Националниот сивет за интеграции повтори дека одлуката на ЕУ за почеток на преговори ќе се случи во „трето полувреме“.

Тоа според неа значи дека половина од одлуката може да се случи да биде донесена во декември, а одлуката „Д“ во јуни.

Шеќеринска маркира неколку недоследности на земјава на патот кон ЕУ.

„Како држава сакаме маратонот да го трчаме на 110 метри со препреки, ако така го трчаме маратонот нема да стигнеме до целта. Има премногу паузи, и спринтовите кои ги правиме од време на време нема да не спасат“, рече таа, потенцирајќи дека Македонија треба да е иста како и двата месеци пред извештајот кога се труди да го направи сето она што го испуштила во изминатите десет месеци.

Шеќеринска рече дека никој досега не дискутирал за петте поглавја во кои е напишано дека Македонија има мал напредок.

„Треба да се одрржи темпото на реформи, и треба да се зајакнат меѓуетничките односи. Овој процес на пристапување треба да помогне да се решат проблемите. За нас е предзивик , туку е огромна  шанса она шпто треба да се направи, сите треба да имаат шанса да се изразат себе си и да дадат свој придонес“, рече Роберт Лидл, шеф на политичкиот оддел при мисијата на ЕУ.

Денешната конфренција е важна и суштински и симболички , со неа се одбележува 20 годишнината од постоењето на ФООМ , но и 10 години од постоењето на Центарот за европско образование, партнер посветен за пристапување на РМ во ЕУ. Ние го следиме интересот на граѓаните на Република Македонија“, рече Владимир Милчин.

Надежите со Извештајот, рече, се поткренати, не го знаеме исходот, но зеленото светло со давање датум ќе биде дополнителен ветер во грбот на реформите да се одглават каде се заглавени. Сите надежи ќе дојдат до заокружување и ќе дојдеме до следнат етапа која знаеме дека ќе биде тешка, маратонот ќе биде наша дисциплина.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он