Министерот Попоски во посета на Атина

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе престојува во прва билатерална посета на Атина, јави дописникот на МИА од Грција.

Попоски во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас со кого се очекува да разговараат за повеќе теми, меѓу кои и за кризата со бегалците и мигрантите, мерките за градење доверба, прашањето за името, како и за други билатерални прашања.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски последен пат во грчкиот главен град престојуваше во април минатата година, кога учествуваше на неформалниот министерски состанок на ЕУ, Гимних, за време на грчкото претседателство со Унијата.

Коѕиас ја посети Македонија во јуни годинава, во рамки на турнејата во неколку главни градови на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија