Агро Бизнис Форум 2015

Од:

Под мотото „Модерно во агро“ денеска во Скопје ќе се одржи Агро Бизнис Форум 2015, во организација на ПроКредит Банка.

На настанот ќе бидат соопштени и наградени агро бизниси кои се занимаваат со примарно земјоделие, органско производство и преработка на земјоделски производи кои изминатата година направија значајни инвестиции во модернизација и развој, имплементираа иновативни практики кои се уникатни во Македонија  и имаат значајни планови за раст во иднина.

ПроКредит Банка за наградените обезбедува посета на модерен агро бизнис во странство, каде ќе може да разменат искуства и знаења за нови инвестиции и иновации во нивната бранша.

На форумот треба да се обрати и министерoт за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој ќе ги соопшти новите законски измени кои отвараат нови можности за македонските земјоделци.

Настанот е отворен за сите бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, прехрамбената индустрија и нивните комплементарни дејност и од настанот гледаат отворена бизнис можност за нова соработка, размена на искуство, следење на трендовите на иновации.

ПроКредит банка до сега има наградено над 30 успешни агро бизниси. Минатата година наградените  агро бизниси учествуваа на наголемиот саем за земјоделие и храна во Европа-Fruit&Logistika во Берлин.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници