Соботка: Губењето на Шенгенот ќе ги зајакне националистите и ксенофобите

Од:

Шенгенскиот простор е предводник на Европската унија и неговата загуба би значела губење на довербата во Унијата како целина и овозможување на Европејците да се соочат со национализам и ксенофобија.

Ова е дел од писмото кое чешкиот премиер Бохуслав Соботка им го напиша на европските лидери пред Самитот на ЕУ, во наредните два дена, јави дописникот на МИА од Прага.

– ЕУ во денешно време се соочува со најтешкиот преизвик во својата историја. Миграциската и бегалската криза принуди многу од земјите – членки привремено да воведат контроли на своите надворешни граници и се доведува во прашање еден од најголемите успеси на европската интеграција, смета Соботка.

За него е потребно да постои слободно движење меѓу земјите членки на Унијата, поради зависноста на работните места и експортот.
Истовремено тој предупреди пред растечкиот екстремизам и затоа цени дека Европа треба да реагира брзо за да ја обнови довербата на граѓаните.

Соботка прецизираше дека во напорот за зачувување на Шенген зоната би требало да се искористи агенцијата Фронтекс или ефективната ревизија на шенгенскиот граничен кодекс кој би требало да даде рамка за управување на движењето преку границите на ЕУ.
Тој побара и забрзување на концептот ,,интелигентни граници” и спроведување на соработката со Турција и афричките земји како и засилување на соработката и помошта на западно балканските миграциски траси.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница