(ВИДЕО) Кирацовски: Барам Груевски веднаш да престане со казните за администрацијата!

Од:

Да се извинам што првата прес конференција е под ведро небо, наверојатно од кабинетот на министерката помислиле дека ќе вадиме криминал или слично нешто. Надлежните од кабинетот на министерката Марта Арсовска Томовска ивестија дека поради технички причини не може да ја одржам прес конференцијата во кабинетот на министерката, во чиј склоп е прес центарот на Министерството за информатичко општество и администрација. Од овде порачувам дека најостро се спротивставувам на казните со коишто треба да се соочи администрацијата поради грубиот и политички мотивиран Закон за административни службеници, донесен од страна на власта на Никола Груевски.

Барам, нелогичното оценување на административните службеници за 2015 година да не важи, а казните да не се спроведат“, рече на денешната прес конференција, Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

„Инсистирам одредбите од законот што го предвидуваат оценувањето, да бидат ставени во мирување.

Потребни се квалитетни решенија што ќе ја мотивираат администрацијата да работи, а не одредби за притисоци и злоупотреби во политички цели.

Информирам дека админстрацијата, според овој закон, се соочува со брутални, неправедни казни што се внесени во законот како инструмент на власта на Груевски за уцени и контрола.

Почитувани административни службеници, знам дека денеска, согласно законот донесен од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, заврши рокот за пресметката на годишното оценување на вашата работа.

Власта на Груевски според овој закон ќе подготвува казни за вас кои сте во последните 5% од ранг листата на оценување, без разлика дали сте оценети со оценка 1, 2, 3, или 4, на скала од 1 до 5.

За апсурдот да биде поголем, според донесениот закон, ќе бидат казнети и вработени со оценка 4.4 што е на граница помеѓу многу добра и одлична работа, само затоа што се нашле во фамозните 5 проценти кои мора да примаат помала  плата, половина година!

Дел од административните службеници поради тој закон се соочени и со најстрогата казна – престанок на работниот однос, иако е тоа нивно прво оценување.

Почитувани, знаете ли кој ги оценува административните службеници?

Главно нивниот шеф. Тој учествува со најголем процент во формирањето на оценката односно 65%. Во останатиот дел од оценката учествуваат други четири соработници, како и двајца оценувачи вон институцијата, кои под политичко влијание, лесно можат да донесат субјективна оценка.

Можете само да претпоставите какво оценување е ова.

Во нашата држава, изминативе 10 години институциите се комплетно партизирани. Раководните кадри се назначуваат исклучиво по партиска линија.

Поради сето ова, услови за ваков систем на оценување – НЕМА!

За да се спречи злоупотреба на администрацијата за политички цели преку закана за казни или бркање од работа, како дополнителен заменик министер, инсистирам:

Владата да поднесе Закон до Собранието на Република Македонија, со којшто оценувањето за административните службеници и реперкусиите од истото, ќе бидат ставени во мирување.

Ако власта на Груевски не го стори тоа, ваков предлог закон до Собранието ќе поднесат пратениците од опозицијата.

Во меѓувреме, најавувам серија средби со синдикатите, НВО и административни службеници, за заедно да ја подобриме законската рамка, со цел поквалитетна администрација“, изјави Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата