Жестоки борби на филипинската армија со екстремистите од Абу Сајаф

Од:

Филипинската армија денеска соопшти дека биле обновени жестоките борби на нејзините припадници со муслиманските екстремисти од групата Абу Сајаф на југот на Филипините.

Престрелките започнале минатиот викенд, кога припадници на филипинската армија поддржани од одред американски маринци, се обиделе да го заземат логорот на Абу Сајаф во кој, се претпоставува, се затворени десетина странски државјани и филипински бизнисмени за кои групата бара откуп.

За време на борбите во текот на викендот биле убиени 15 екстремисти и тројца припадници на филипинската армија, а биле ранети уште 13 војници. Милитантните екстремисти го бранат своето упориште со тешко вооружување и со голем број снајперисти, што го отежнува напредувањето на војниците.

Абу Сајаф, кој се претставува како крило на Ал Каеда во југоисточна Азија, годинава најави дека ќе основа „калифати“ во граничната територија меѓу Филипините и Малезија и дека ќе финансира прогласување „калифат“ и во Индонезија.

Властите во овие држави тврдат дека Абу Сајаф е само добро организирана криминална група, која обезбедува финансиски средства од киднапирање на странци и богати локални бизнисмени, но Филипините и САД сепка групата ја прогласија за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски