Руски, американски и британски астронаут пристигнаа на МВС

Од:

Вселенскиот брод „Сојуз“, кој беше лансиран од космодормот „Бајконур“ во Казахстан, на Меѓународната вселенска станица (МВС) доведе тројца нови „станари“ – Русин, Американец и Британец.

Летот минал без проблеми, но слетувањето на кусо било одложено, поради проблеми во системот за автоматско управување. Поради ова, рускиот космонаут Јуриј Маленченко бил принуден да ја прекине автоматската постапка за спојување и рачно го „закачил“ бродот на Станицата, соопшти вршителот на должност директорот на Руската вселенска агенција (Роскосмос), Александар Иванов.

Заедно со Маленченков (53), кому ова му е четврта вселенска мисија, на МВС пристигнаа и астронаутот на НАСА, Тим Корга (52) и Британецот, Тим Пик (43), поранешен пилот на воените хеликоптери „Апачи“.

Пик е прв прв Британец кој ќе престојува на МВС во рамки на шестмесечната мисија за Европската вселенска агенција (ЕСА).

Мисијата на Пек, наречена „Принципи“, според фундаменталната работа на Исак Њутн, вклучува голем број научни експерименти.

Маленченко, Корга и Пик би требало да се вратат на Земјата на 5 јуни следната година.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ