На Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Данска денеска ќе се одиграат четвртфиналните дуели.
Во Хернинг, Русија за противник ја има селекцијата на Полска, а Русинките се единствените на шампионатот со максимални шест победи на шест натпревари.
Домаќинот Данска за противник ја има Романија, која направи едно изненадување со елиминацијата на светскиот првак Бразил.
Во Колдинг ќе се одигра „реприза“ на финалето од Олимписките игри во Лондон, Норвешка против Црна Гора. Норвежанките се фаворитки како актуелни олимписки и европски шампионки, но Црна Гора е една од трите селекции без пораз на шампионатот (Русија и Холандија немаат загбено).
Во борба за пласман во полуфиналето ќе играат и Франција – Холандија.
Од осумте селекции светскиот првак ќе обезбеди пласман на Летните Олимписки игри во Рио, додека шесте селекции кои ќе се пласираат од 2 до 7.место ќе играат квалификации.