Полицијата одзеде 1.500 петарди од кавадарчанец

Од:

Полицијата синоќа пронајде и одзеде околу 1.500 парчиња разни видови петарди и огномети од кавадарчанец, информира денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Поголемата количина пиротехнички средства е откриена синоќа  околу 20.00 часот,   при претрес  на патнички авотмобил марка „форд мондео“,  управуван од 33 годишен жител на Кавадарци. Против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава од Законот за заштита од експлозивни материи, соопшти Стојковска.

Таа нагласи  дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес,  во сите основни и средни општински училишта,  секојдневно се реализираат едукативни работилници за превенција од употреба на пиротехнички средства.

– Се  укажува на можните штетни последици по здравјето на човекот од нивна неправилна употреба. За таа цел, од страна на Отсекот за превенција изработени се пароли со пораки до возрасните, родителите и сите останати, да не купуваат и не употребуваат петарди и со тоа да не го загрозуваат здравјето на децата, рече Стојковска.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец