Саудиска Арабија ќе ја поддржи египетската економија

Од:

Саудиска Арабија ќе ја поддржи египетската економија, со тоа што на земјата ќе и обезбеди нафта за следните пет години, ќе инвестира дополнителни осум милијарди долари и ќе го поддржи со саудиски бродови сообраќајот преку Суецкиот Канал.

Ова го изјави саудискиот заменик-престолонаследник и министер за одбрана, Мохамед ибн Салман ибн Абдул Азиз ал Сауд на средбата во Каиро со египетскиот премиер Шериф Исмаил.

Заменик-престолонаследникот е син на саудискиот крал Салман, по чија наредба се отпушта помошта за египетската економија.

Каиро доби ветување за 12 милиони долари од арапските сојузници во Персискиот Залив на инвестициската конференција во март, на која претседателот Абдел Фатах ал Сиси ги повика странските инвеститори да му помогнат на Египет да се обнови по соборувањето на Хосни Мубарак во 2011 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина