На Тајланѓанец му се заканува затворска казна поради навреда на кучето на кралот

Од:

Еден Тајланѓанец е обвинет за навреда на кралот и му се заканува затворска казна, бидејќи го навредил кралското  куче, изјави денеска неговиот адвокат. 

Танакор Сирипаибу (27) е обвинет за навреда на кралот поради објава на „сатирична“ фотографија на Фејсбук од кралот на Тајланд и неговото куче, соопшти адвокатката Павине Чумсри. 

– Се работи за фотографија објавена на 6 декември на Фејсбук, составена од три фотографии и порака со која се исмејува кралското куче, објасни Чумсри. 

Танакорн исто така е обвинет за навреда на кралот, бунт и користење на компјутерот за кривични цели, бидејќи притиснал „ми се допаѓа“  под монтираната фотографија на кралот и потоа ја споделил, како и табелата на која е прикажан растот на корупцијата во кралството.

Тајланд има еден од најстрогите закони за навреда на кралот. Лицето осудено за навреда на многу почитуваниот, но болежлив 88-годишен крал Бумибол Адулјадеј или кралицата и престолонаследникот може да биде казнет со затворска казна од дури 15 години по секоја точка на обвинението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач