Струмица го заврши каналот што го почна па го остави Владата

Од:

Општина Струмица го заврши проектот за изградба на колекторски канал за атмосферска канализација што го почна но не го доврши Владата.

Првично овој проект беше на Владата која во 2006-та година го прекина неговото финансирање иако се работеше за проект од витален интерес за жителите, посебно за оние кои живеат во понискиот дел на градот. Иако беше обврска на државата,општината со свои пари го доврши проектот со единствена цел да го реши повеќегодишниот проблем на 30 отсто од граѓаните на Струмица.

За довршување на овој канал потрошени се 600 илјади евра. Овој проект е од огромно значење, затоа што со него се решава дел од пороите над градот Струмица, а со тоа и проблемите со поплавувањето на улиците: Бетовенова, Бошко Буха, Славчо Стојменски, 5-ти Ноември, Младинска, Атанас Караман, Браќа Минкови и други улици во долниот дел на градот.

Општината паралелно со изведувањето на овој капитален проект изведени се и други инвестициони зафати. На улиците Бетовенова и Бошко Буха изградени се фекална и атмносферска канализација, пуштени се нови водоводни цевки и направени се приклучоци на околу 200 семејства, санирани се тротоарите, бетонирана е улицата Бошко Буха, урбано се уредени повеќе локации со клупи, канделабри, канти за отпадоци, а извршено е и хортикултурно уредување.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ