Тајланд годинава очекува 29 милиони странски туристи

Од:

До крајот на минатата недела Тајланд го посетиле вкупно над 28 милиони странски туристи, па тајландските туристички власти очекуваат до крајот на годинава таа бројка да достигне најмалку 29 милиони.

Причина за ова се веќе договорените аранжмани за над 800.000 гости за време на божиќните и новогодишните празнувања, а се очекуваат и голем број индивидуални посети без претходно договорен аранжман.
Рекорд во туристичкиот промет Тајланд забележа во 2013 година, кога познатите летувалишта Пукет и Патаја и главниот град Бангкок ги посетиле 26,5 милиони странски туристи.
Лани, пред се поради воениот удар изведен во мај и едномесечната вонредна состојба во државата, бројката на странски туристи падна на 25 милиони. За релативно подобриот промет од очекувањата лани помогнаа кинеските туристички агенции, преку кои во Тајланд допатуваа околу два милиони посетители.
Тајланд и покрај најавите дека екстремисти од групата Исламска држава најавуваат бомбашки напади во хотелите каде што ќе претстојуваат руски туристи, во претстојните 30 дена ќе го посетат над 300.000 Руси.
Според туристичките работници, годинава во Тајланд во хотелската индустрија ќе биде остварен директен приход од над 45 милијарди долари. Значајни се и приходите од т.н. вонпансионска потрошувачка. Според аналитичарите, во овој бизнис вон хотелите најмногу трошат Кинезите, околу 150 долари дневно. Доста трошат и Русите, над 120 долари, а најмалку пари вон хотелите оставаат туристите од Европа, кои за сувенири и облека дневно трошат помалку од 50 долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач