Во Јемен денеска на сила е прекин на огнот, во момент кога во Женева во организација на ОН треба да почнат мировните преговори меѓу завојуваните страни.
– Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Исмаил Оулд Шеик Ахмед денеска објави почеток на прекин на насилствата во Јемен што се смета за прв чекор кон постојан мир во таа држава, изјави Ахмад Фавзи, портпарол на ОН.
Претставници на јеменската Влада и бунтовниците Хути денеска пристигнаа на непозната локација во Швајцарија каде двете делегации од по 18 членови ќе треба да почнат преговори.