Конференција за индекс на клиентелизам во медиумите

Од:

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денеска во Скопје организира Конференција  на тема „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”. 

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од првото мерење на индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, како и резултатите од ова мерење во Романија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ) врз основа на емпириски податоци собрани во текот на двегодишното истражување, ги мери политичките влијанија врз медиумите, постоечката регулативна рамка, институционална поставеност и клучните економетриски мерења на реалноста во која работат медиумите и новинарите од Југоисточна Европа.

Индексот ги опфаќа сите клучни прашања кои се однесуваат на насоките на Европската Комисија за развој на слободата на медиумите, а во исто време ги консултира и научните трудови и мерењата на поврзаноста на релевантните параметри кои ги користат и постоечките индекси кои ги мерат медиумските слободи.

Конференцијата е во рамки на проектот „Медиумски круг“, поддржан од Европската унија. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза