Жителите на Техеран не треба да излегуваат од домовите заради загадување на воздухот

Од:

Поради големото загадување на воздухот во иранската престолнина Техеран и неговата околина властите ги повикаа 14-те милиони жители да останат во нивните домови, пренесоа француските медиуми.

Иранската престолнина денеска  беше покриена со дебел слој смог и имаше многу мала видливост. Жителите на градот воопшто не можат да ја видат планинската верига Алборз, која се надвиснува над Техеран.

Денешното загадување на воздухот во иранската престолнина е најголмо од март до сега. Количеството на штетни материи во воздухот за седум пати ја надминува дозволената норма.

Смогот во Техеран е предизвикан од издувните гасови од петте милиони автомобили што се движат низ градот со речиси постојани задржувања. Во текот на зимата загадувањето се зголемува.

Пред една година 400 лица беа примени во болниците низ Техеран заради дигестивни и кардиоваскуларни проблеми, предизвикани од загадувањето на воздухот.

Во 2012 година загадувањето придонесе за предвремена смрт на 4.500 лица во Техеран и на 80.000 лица низ цела земја, покажуваат податоците на иранското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Исламските земји одржаа итна седница, сите погледи вперени кон Техеран

„Њујорк Тајмс“: Шефот на Хамас бил убиен со бомба сокриена во гостинската куќа во Техеран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Млад пар во Иран објави видео како танцуваат на улица, судот ги осуди на 21 година затвор

А1он

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

Вооружен со „калашников“ се пробил до обезбедувањето, едно лице убиено: Напад на амбасадата на Азербејџан во Иран

А1он

Техеран: Одлуката за исклучување на Иран од Комисијата на ОН за статусот на жените е политички мотивирана

А1он