Македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув од Гевгелија се засили со американскиот играч Џејсон Картер.
23-годишниот Картер во Кожув доаѓа од Универзитетот Тексас Саутерн. Тој е висок 205 см. и игра на позицијата крилен центар.
Кожув со ангажманот на Картер најавува борба за самиот врв во македонскиот шампионат, како и подобрување на пласманот во регионалната балканска БИБЛ лига каде е единствен претставник од Македонија.