Постигнат договор Шведска да го сослуша Асанж во амбасадата на Еквадор

Од:

Еквадор и Шведска денеска потпишаа договор, што дозволува шведските власти да го сослушаат основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се наоѓа веќе три години откако беше обвинет за сексуални напади, соопшти владата на Еквадор.

Правниот договор за тоа е потпишан во главниот град на Еквадор, по половина година преговори.

– Тоа несомнено е инструмент што ги јакне билатералните односи и ќе го олесни исполнувањето на правните прашања како што е сослушувањето на Џулијан Асанж, се наведува во соопштението на еквадорското Министерство за надворешни работи.

Асанж (44) се крие во зградата на амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде е баран да биде сослушан во врска со обвиненија за сексуален напад и силување на две жени во 2010 година.

Основачот на „Викиликс“ ги отфрла обвиненијата и тврди дека стравува дека Шведска ќе го испорача на САД, каде може да му се суди за издавање доверливи воени и дипломатски документи.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори